Обвинител во Џорџија предложи судењето на Доналд Трамп за обид да се смени изборниот пораз, да почне на 4 март 2024 година, во ек на кампањата за републиканска номинација на кандидатот за следните претседателски избори.
Обвинителката Фани Вилис отвори кривична постапка против поранешниот американски претседател Доналд Трамп и предложи датум за судење кој е еден ден пред Супер вторник, кога гласачите во повеќе од десет американски држави ќе го изберат републиканскиот претседателски кандидат.
Обвинителката на округот Фултон, Фани Вилис, исто така предложи обвинетите да бидат изведени и да се изјаснат во првата недела од септември. Вилис го поднесе својот предлог во форма на судска пријава, но досега ниту лично Трамп ниту неговите адвокати не објавија ништо за тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.