Последниот јавен настап на папата Франциск предизвика загриженост за неговото здравје, поради тоа што 87-годишниот папа се бореше со говорот, но и со движењето.

Во текот на последната недела и половина, Франциск имаше мали здравствени проблеми. На 24 февруари Ватикан објави дека папата боледува од лесна форма на грип. Неколку дена подоцна тој бил однесен во римската универзитетска болница Гемели на дијагностички тестови.

Врз основа на неговото појавување на плоштадот Свети Петар во Ватикан, се чини дека здравствените проблеми на папата, сепак, опстојуваат. А, потоа мораше да побара од својот помошник да ги прочита неговите забелешки, кои беа неделниот говор на папата пред општата публика. Тој им рекол на толпата дека неговиот асистент го прави тоа затоа што се уште е настинат и не знае добро да чита. На крајот од говорот, Франциск зборуваше накратко, пренесува „Њузвик“.

Според „Јутарњи“, Папата имал проблеми и да се качува по скалите на своето специјално возило „Попемобил“. Дури и држејќи се за оградите, Франциск не можел да влезе во возилото, па го внеле додека толпата го бодрела. Во еден момент до него дошло дете и го прегрнало.

На X (поранешен Твитер) беше споделено видео од папата Франциско како се мачи да влезе во папамобилот.

 

Загриженоста расте додека Папата се мачи по враќањето од болница. Не може да се качи на попамобилот. Видливата нервоза сигнализира дека е во потенцијално сериозна состојба. Верниците ширум светот се надеваат на неговото закрепнување“, пишува тој со видеото на Х.

За потсетување, на папата Франциско му беше отстранет дел од едното белодробно крило како млад човек по респираторна инфекција. Неодамна боледуваше и од пневмонија. На крајот на ноември минатата година тој мораше да го откаже патувањето во Дубаи, каде што требаше да зборува на годишната климатска конференција на ОН. Лекарите го советувале сепак да не оди таму. Тогаш Ватикан во официјалното соопштение соопшти дека папата се опоравува од пневмонија и грип.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.