Претседателот на Украина, Володимир Зеленски апелираше до граѓаните да не ги напуштаат засолништата, откако во многу украински градови одекнаа експлозии.

Воздушната опасност не престанува ширум Украина. Паѓаат проектили. За жал, има мртви и рранети. Ве проколнувам: не ги напуштајте засолништата, пишува Зеленски на Телеграм, пренесува Интерфакс Укаина.

Тој оцени дека Русија се обидува да ја уништи Украина и да ја збрише од лицето на земјата.

229 дена се обидуваат да нè уништат, да ги уништат нашите луѓе кои спијат во своите домови во Запорожје, да ги убијат луѓето кои одат на работа во Киев и Днепар, напиша Зеленски на Телеграм.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.