Москва и Киев се приближуваат до компромис во преговорите, изјави за „Комерсант“ Михаил Подољак, советник на шефот на Кабинетот на претседателот на Украина.

Според членот на украинската преговарачка група, страните во дијалогот почнале да подготвуваат договори чии детали се уште не се откриени, пренесе РИА Новости.

Веднаш штом ќе се разработат правните формати, ќе биде закажана средба, односно четврта рунда преговори.

Може да биде утре, задутре. Разговаравме за сите прашања, сега се обидуваме да ги спакуваме тие прашања во некои правни формати, рече Подољак.

Тој истакна дека во разговорите треба „да се земат предвид безбедносните гаранции што сака да ги добие и Руската Федерација, која има свои стравови во врска со голем број глобални воени сојузи“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.