Кралот на Саудиска Арабија Салман бин Абдулазис Ал Сауд, издаде кралски декрет со кој се дозволува кабинетот да се состане и во негово отсуство и во отсуство на премиерот, неговиот син престолонаследник Мохамед бин Салман, објавија државните медиуми.

Во мај, 88-годишниот крал беше подложен на медицински третман поради воспаление на белите дробови, што го натера престолонаследникот Мохамед бин Салман да ја одложи подоцнежната официјална посета на Јапонија поради влошената здравствена состојба на кралот.

Една недела подоцна, Салман претседаваше со состанокот на владата, а државната телевизија емитуваше снимки на кои се гледа како тој претседава со состанокот преку видео врска.

Во отсуство на кралот, престолонаследникот или неговите заменици, со кабинетот ќе претседава неговиот највисок член, кој е потомок на таткото на Салман, основачот на Кралството Саудиска Арабија, Абдулазиз бин Абдулрахман Ал Сауд. Одлуките на кабинетот ќе ги потпишува претседателот, се наведува во кралскиот декрет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.