Организацијата за исламска соработка, по повикот од Саудиска Арабија, на 18 октомври во Џеда ќе одржи итен состанок на кој ќе разговара за насилството во Газа, по осумдневната војна во која животот го загубија илјадници луѓе.

Кралството, кое е претседавач на Исламскиот самит на тековната седница и претседавач со извршниот комитет на ОИК, повика на „отворен“ министерски состанок на кој ќе се разговара за воената ескалација во Газа и нејзината околина и за влошување на ситуацијата, што е закана за цивилите и регионална безбедност и стабилност, пренесува порталот „Араб Њуз“.

Невладината организација „Лекари без граници“ денеска го повика Израел да „покаже минимум хуманост“ во тековната воена агресија врз Појасот Газа, истакнувајќи дека ситуацијата во Појасот Газа е „неприфатлива“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.