Сателитски снимки направени наводно во неделата покажуваат голем број руски војници и тенкови како тргнуваат во насока на украинската престолнина Киев на одделеченост од 64 километри, објави приватната американска компанија „Maxar Technologies Inc“.
Во појаснувањето на снимките, компанијата наведува дека тие покажувааат „стотици воени возила кои се протегаат и на повеќе од пет километри“.
Конвојот, според истиот извор, се наоѓал североисточно од украинскиот град Иванково, а содржел гориво, логистика и оклопни возила, вклучително и тенкови, борбени возила на пешадијата и самоодна артилерија.
Сателитските снимки, исто така, ја покажувале и штетата предизвикана од неодамнешното ракетирање на аеродромот „Антонов“ во Хостомел и од тешките борби на територијата на аеродромот и во неговата близина.
Компанијата „Maxar Technologies Inc“ го следи со месеци движењето на руските сили. Но нејзините снимки досега никогаш не се независно потврдени, забележува Ројтерс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.