Светот треба да го слуша гласот на Кина за да се стави крај на војната во Украина, изјави денеска шпанскиот премиер Педро Санчез во пресрет на неговата посета на Пекинг следната недела.

„Кина е глобален фактор и очигледно мораме да го слушаме нејзиниот глас за да видиме дали можеме да ја прекинеме таа војна и Украина да го врати својот територијален интегритет“, рече Санчез по состанокот на Европскиот совет во Брисел.

На 31 март тој треба да се сретне со претседателот Си Џинпинг во Пекинг. Се очекува фокусот на разговорите да биде токму конфликтот во Украина, кон кој Кина, како што тврди, се позиционирала „непристрасно“, презентирајќи мировен план од 12 точки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.