Претседателот на Африканската унија, Меки Сал истакна дека Африка не е „против Украина“, но дека одлуката на многу африкански земји да не заземаат страна во таа војна е реакција на рамнодушноста на меѓународната заедница кон проблеми на нивниот континент.

Африка не е против Украина и не треба да имаме впечаток дека Африканците се нечувствителни на ситуацијата во таа земја. Тоа воопшто не е така, рече Сенегалецот на осмото издание на меѓународниот форум во Дакар, на собирот на Африкански лидери и безбедносни експерти

Африканците велат дека Африка е трајно под терористички напади додека Украина е во војна, под инвазија и напад, додаде тој, а потоа зборуваше за недостатокот на меѓународна солидарност во економската криза што влијае на континентот и болестите со кои се бори.

Ние сме во 2022 година, веќе не е ера на колонии. Ние сме во 2022 година каде земјите, иако се сиромашни, имаат подеднакво достоинство. Ние мора да ги третираме нивните проблеми со иста почит.

Сал го повтори својот повик за подобро претставување на африканските земји во меѓународните организации како што се Советот за безбедност на Обединетите нации или форматот Г20.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.