Поранешниот руски претседател и близок соработник на Владимир Путин, Дмитриј Медведев, се закани со хиперсонични напади на Телеграм, откако поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен во интервју за Гардијан предупреди дека членките на НАТО можат да распоредат војници во Украина.

Медведев почна да го критикува Расмусен, нарекувајќи го неинтелигентна личност која целосно го изгубила разумот.

Дали некој од вас го прашал населението во тие земји? Кој од нив сака војна со Русија? Очигледно ја поддржувате идејата за хиперсонични напади врз Европа, нели? И што мисли чичко Сем (САД) за сето ова? Ова дефинитивно ќе влијае и на нив, се закани Медведев, кој моментално ја извршува функцијата заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност.

Ова е токму пример за тоа што се случува кога ќе станете советник на алчни гниди како корумпираните нацисти, објави Медведев на Телеграм.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.