Кандидатот на опозицијата, Диомаје Фаје убедливо победи уште во првиот круг на претседателските избори во Сенегал. Фаје се кандидираше затоа што, до вчера владејачкиот режим, го уапси лидерот на неговата политичка групација, Усман Сонко (на билбордот лево) минатата година и го спречуваше да учествува на изборите под апсурдни обвиненија.

Сонко претходно најави дека ако стане претседател, ќе ја прекине блокадата на Мали, Буркина Фасо и Нигер, ќе ги избрак француските војници од земјата и ќе воспостави поблиски односи со Русија.

Убедливиот победник на избори, по изборот за претседател најави дека ќе ги исполни најавите на својот политички соработник.

Време е Франција да го напушти Сенегал. Време е Сенегал да ги разгледа сите претходно потпишани договори со Франција. Конечно дојде време Франција да го тргне коленото од нашиот врат и да стави крај на ова нивно нечовечко угнетување“, изјави Фаје.

Поразот на профранцускиот режим во Сенегал е историски момент и голем удар за француските интереси на Црниот Континент. Со оглед на тоа што Сенегал е земја со излез на море, оваа демократска промена на власта може да биде многу поголем удар за француските интереси во Африка отколку промените на власта во Мали, Нигер и Буркина Фасо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.