Американските метеоролози предупредуваат дека големо снежно невреме ќе ги зафати САД во следните 24 часа, поради што температурите на места ќе бидат и до 30 степени под просекот.
Националната метеоролошка служба (НМС) соопшти дека постои ризик од обилен снег, дожд и силно невреме на територија од сојузната држава Тенеси до Охајо, а во периодот до среда.
Некои градови ќе бидат во поларна арктичка клима во следните 48 часа – соопштија од НМС.
Во известувањето се наведува дека „комбинацијата од снег и леден дожд може да дојде во два брана во одредени региони“, како и дека снежната бура може да предизвика и до 2,5 сантиметри снег на час.
Температурите ќе бидат од 20 до 30 степени под просекот во северноамериканските држави – посочуваат од НМС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.