САД денеска соопштија дека ќе тестираат интерконтинентална балистичка ракета.

Претходното известување за таков ракетен тест е многу невообичаено, но има за цел да избегне какво било влошување на тензиите со Русија во екот на конфликтот во Украина, посочуваат западните медиуми.

Ова тестирање на невооружената ракета „Минутмен три“ ќе биде утре наутро, на 7 септември, од воздухопловната база Ванденберг, Калифорнија. Ова е рутински тест што се планираше долго време и кој, како и претходните тестови, ќе ја провери и потврди ефикасноста и подготвеноста на нашиот систем – соопшти портпаролот на Пентагон, генерал Пет Рајдер

Тој додаде дека САД однапред ја информирале Русија за тестирањето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.