Жителите на САД се сеќаваа на жртвите од терористичките напади на 11 септември 22 години подоцна, со бројни настани одржани во понеделникот, а американскиот претседател Џо Бајден повика на единство на земјата.
На комеморацијата во Њујорк, роднините ги прочитаа имињата на околу 3.000 луѓе кои загинаа во нападите. На настанот присуствуваа потпретседателката на САД Камала Харис и градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс.
Американскиот претседател повика на единство во земјата, за време на краткиот говор посветен на споменот на жртвите во американската држава Алјаска.
„Така вистински ги почитуваме оние што ги загубивме на 11 септември. Сеќавајќи се што можеме заедно, сеќавајќи се на она што беше уништено, што поправивме“, рече тој.
„Да се потсетиме кои сме ние како нација. Никогаш не забораваме. Никогаш не се плашиме. Издржуваме, победуваме. Ние сме Соединети Американски Држави. И ништо, буквално, историски, ништо не беше надвор од нашите можности. Кога ќе одлучиме да направиме тоа заедно“.
Во терористичките напади на САД на 11 септември 2001 година, кои го шокираа светот, загинаа околу 3.000 луѓе.
Цел на исламистичките терористи во трите киднапирани патнички авиони биле кулите близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк и Пентагон во Вашингтон. Четвртиот авион се урна во Пенсилванија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.