Руската воена акција во Украина е причина за намалување на кредитниот рејтинг на Русија, при што „С&П“ го сведе рејтингот на Русија на најниско ниво, додека „Мудис“ го стави под лупа за веројатен пад во таа категорија. Истовремено „С&П“ и „Фич“ го намалија кредитниот рејтинг на Украина.

„С&П“ го намали долгорочниот кредитен рејтинг на Русија на „ББ+“, од „БББ-“ и предупреди дека рејтингот може да продолжи да паѓа, откако ги анализирале макроекономските последици од санкциите.

Според нас, санкциите објавени досега може да имаат значителни негативни ефекти врз способноста на рускиот банкарски сектор да дејствува како финансиски посредник во меѓународната трговија – велат од „С&П“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.