Повлекувањето на руските сили од регионот Харков „е премолчено признавање на неспособноста на Русија да ги окупира клучните украински градови“, соопшти британското Министерство за одбрана.
Во својот последен разузнавачки извештај, Министерството истакна дека украинските сили продолжуваат со контранапади во северниот дел на Харков и оти повторно зазеле неколку градови и села. Во него се наведува и руското фокусирање на операциите во Донбас ги направила ранливи силите во регионот Харков.
Се додава дека Русија ги повлекла трупите од Харков за да се реорганизира и да ги надополни своите сили по големите загуби. Откако ќе бидат реконструирани, најверојатно ќе бидат распоредени на источниот брег на реката Сиверски Доњец, соопшти британското Министерство за одбрана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.