Руските сили ја презедоа контролата врз психијатриската болница во градот Бородјанка во областа Киев, во Украина, со 670 лица, изјави денеска регионалниот гувернер Олексеј Кулеба за локалните медиуми.

– Сега не знаеме како да ги евакуираме овие луѓе, како да им помогнеме, рече Кулеба. – Им снема вода и лекови, потенцираше тој.

– Тоа се луѓе со одредени посебни потреби, им треба постојана помош… многу од нив се врзани за кревет со години, појасни регионалниот гувернер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.