Официјална Москва соопшти дека руски трупи ја презеле контролата врз градовите Бердјанск и Енерходар во југоисточна Украина.

Бердјанск се наоѓа на Азовското Море и неговото заземање веќе e пoтврдено од украинската страна. Енерходар се наоѓа северозападно од пристанишниот град Мариупол. Неговото заземање не е потврдено од Украинците.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков направи и преглед на воените напади од почетокот на воената акција рано во четвртокот.

Според него, уништени се 1.100 воени објекти, а погодени се и 314 тенкови и други воени возила, како и 57 ракетни системи.

Во источниот регион на Донбас, сепаратистите поддржани од Русија напреднале уште 19 километри. Оваа информација, не е потврдена од независен извор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.