Оружените сили на Руската федерација напредувале 12 километри и ја преемале контролата над Новоандреевка и Кириловка, а стигнале и до линијата Новомајорское – Павловка – Николско – Владимировка – Благодатно, соопшти руското министерство за одбрана.
Истовремено, трупоте на ЛНР ги заземале населените места Молодожноје и Возгорје, а ги заземале и јужните и централните делови на градот Попаснаја.
Од Министерството додаваат дека воздушно-космичките сили на Русија срушиле во воздух украински хеликоптер Ми-24 и три дрона, вклучувајќи Бајрактар ТБ-2.
Во соопштението се додава дека од почетокот на воената акција во Украина, руската војска онеспособила 3.593 воени инфраструктурни објекти во Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.