Најмалку десетмина работници загинаа, а 15 се повредени во руското гранатирање на автобуска постојка пред хемиска фабрика во градот Авдивка во источна Украина, изјави гувернерот на областа Доњецк, Павло Кириленко.

„Русите точно знаеја каде да нишанат, работниците штотуку ја завршија смената и чекаа автобус на автобуската станица да ги однесе дома. Уште едно цинично злосторство на Русите кај нас”, напиша Кириленко на Телеграм.

Тој рече дека бројот на жртви во нападот може да расте.

Авдивка, град со околу 30.000 жители, се наоѓа на неколку километри од градот Доњецк, главниот град на самопрогласената Доњецка Народна Република, која е под контрола на проруските сепаратисти.

Градот беше место на жестоки борби по избувнувањето на конфликтот меѓу украинските сили и проруските сепаратисти во 2014 година, но ситуацијата таму беше релативно мирна од почетокот на руската инвазија на Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.