Портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, Игор Конашенков, соопшти дека руските вооружени сили, ги уништиле штабот и базата на националистичкиот баталјон „Дњепар“.
Генерал Конашенков истакна дека штабот и базата на националистичкиот баталјон „Дњепар“, во населбата Звоњецкое во областа Дњепропетровск, каде што пред неколку дена пристигнало засилување од странски платеници, биле уништени со со проектили со висока прецизност истрелани од море.
Конашенков додаде дека при ракетен напад во областа на населбата Старобогдановка во областа Миколаев и на воениот аеродром Чугуев се уништени лансери на украинските противвоздушни системи С-300.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.