Официјалниот претставник на руското министерство за одбрана, генерал Игор Конашенков, информира дека руските сили елиминарале одред на платеници од Полска.
За време на нападот, руските ракетни сили ликвидираа одред платеници на полска приватна воена компанија во населбата Изумск во областа Харков. Неутрализирани се до 30 полски платеници – соопшти Конашенков.
Во официјалниот извештај на руската армија се наведува дека руската оперативна и тактичка авијација во текот на ноќта уништила 13 воени објекти во Украина, меѓу кои и два магацини за ракетно и артилериско оружје и 10 позиции на украинската армија и украинска воена опрема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.