Раководството на кошаркарската Евролига ги суспендираше руските клубови од учество на турнири под покровителство на организацијата.

Во соопштението на Евролига се вели и дека во случај на „неповолен развој на ситуацијата“, резултатите од сите натпревари во кои учествуваат руски тимови ќе бидат поништени.

Така од учество во Евролигата се исклучени ЦСКА Москва, Зенит од Санкт Петербург и УНИКС Казан. Локомотив-Кубан од Краснодар е суспендиран од учество во Еврокупот.

Во поредокот од регуларниот дел од Евролигата, Барселона е на чело со 20 победи на 25 натпревари, второто место го зазема Реал Мадрид (20 победи во 26 натпревари), трето – Милано (17 од 25). Зенит е петти (14 од 23), ЦСКА е шеста (14 од 24), УНИКС е осми (13 од 25).

Локомотив Кубан е трет во групата А од Еврокупот, по 12 одиграни натпревари тимот има осум победи. Прв е Хувентуд (13 натпревари, 11 победи), пред Партизан (9 од 13).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.