Патријархот Кирил од Руската православна црква, силен поддржувач на претседателот Владимир Путин, работел за советското разузнавање додека живеел во Швајцарија во 1970-тите, објавија денеска швајцарските медиуми, повикувајќи се на декласифицирани архиви.

Според тврдењата на швајцарските весници „Le Matin Dimanche“ и „Sonntagszeitung“, досието кое го чувала федералната полиција за човекот кој сега е духовен поглавар на Руската православна црква потврдува дека Кирил бил дел од разузнавачката служба КГБ за време на Советскиот Сојуз, соопшти денеска Франс 24.

Мисијата на денешниот патријарх на руската црква Кирил бил под кодното име „Михаилов“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.