Рускиот генерал-мајор Андреј Суховецки загинал за време на борбите во Украина.

Како што пренесоа неколку руски и украински, но и западни медиуми, генералот бил убиен од снајперист.

Неговата смрт не е официјално потврдена, но негов колега објавил за смртта на соцјалните мрежи. Дејли мејл тврди дека смрта на генерал Суховецки ја потврдил друг воен извор и дека неговиот погреб најверојатно ќе биде одржан во сабота.

Генрал Суховетски беше командант на руската седма падобранска дивизија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.