Рускиот амбасадор во Њу Делхи, Денис Алипов, изјави дека Индија ги разбра целите на руската специјална воена операција во Украина и поради тоа има балансиран став по ова прашање.

Индија добро ги знае не само целите на операцијата, туку и генезата на безбедносната ситуација во Европа, сите околности во руско-украинските односи последните години и децении. Тоа се некои од причините зошто Индија зазема прилично избалансирана позиција по однос ескалирањето на ситуацијата за која сме сите ние свесни – истакнува Алипов.

Според рускиот дипломат, за разлика од западните земји, Индија се труди неправедно да ја демонизира Русија во однос на ситуацијата во Украина.

Индија зазема сопствена неутрална позиција – изјави Алипов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.