Руски воен авион од типот Су-34 падна врз повеќекатна станбена зграда во рускиот град Јејск, во близина на југоисточната граница со Украина, објави РТ.

Падот на авионот го потврди Руското Министерство за одбрана. Оттаму соопштуваат дека пилотот успеал да се катапултира.

Станува збор за воен повеќенаменски борбен авион Су-34.Авионот се урнал одејќи на вежба, веднаш откако полетал од локалниот аеродром, а еден од моторите на авионот се запалил по полетувањето, соопшти Руското Министерство за одбрана.

По падот како што јавуваат локалните медиуми, глетката била застрашувачка, избивајќи на местото голем пламен, кој ја зафатил станбената зграда.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.