Судот во рускиот град Казан и го продолжи притворот на руско-американската новинарка на „Радио Слободна Европа“, Алса Курмашева.

Притворот и е продолжен до 5 јуни.

Новинарката беше приведена на 18 октомври кога беше обвинета дека не се регистрирала како „странски агент“, што е кривично дело за кое е предвидена максимална затворска казна од пет години.

Претходно, во јуни минатата година, на аеродромот во Казан на Курмашева и беа одземени двата пасоша, што ја спречи да ја напушти Русија.

„Радио Слободна Европа“ смета дека нејзиното затворање е неправедно и политички мотивирано.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.