Одржувањето на уште една рунда руско-украински преговори во Истанбул е тактичка отстапка од Русија, вели генералниот директор на Рускиот совет за надворешни односи, Андреј Кортунов.
Претходно, прес-секретарот на претседателот на Руската Федерација, Дмитриј Песков, изјави дека овие преговори се очекува да почнат на 29 март. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров од своја страна изјави дека има шанси за договор меѓу Москва и Киев.
Во извесна смисла, ова е отстапка кон украинската страна, бидејќи територијата на Белорусија е поудобно место за Русија да води преговори. Наспроти тоа, Истанбул е попогодно место за украинската страна, бидејќи турскиот претседател Таип Ердоган отсекогаш зборувал за поддршка на Украина. Турција е членка на НАТО, има свој став за другите регионални проблеми, што не се совпаѓа со руските. Генерално, во извесна смисла, тоа се преговори речиси на украинска територија – вели Кортунов во интервју за „РИА Новости“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.