Мртвото тело на Михаил Ватфорд (66), руски олигарх со украинско потекло, беше пронајден во гаражата на неговата вила во Сари, Англија, објавија британските медиуми. Вотфорд бил обесен, а телото го пронашол градинар.
Рускиот олигарх зад себе ги остави сопругата Џејн и трите деца. Полицијата ја истражува смртта, која се уште се третира како „необјаснета“, но наведува дека „не се верува дека имало сомнителни околности“. Треба да се напомене дека Ватфорд не се најде на списокот на руски олигарси против кои неодамна беа најавени санкции.
Вотфорд направи богатство во трговијата со гас и нафта, јавуваат британските медиуми. Живеел во вила вредна 18 милиони фунти.
На неговата душевна состојба секако влијаеше ситуацијата во Украина. Времето на неговата смрт и инвазијата на Украина секако не е случајно, изјави семеен пријател за таблоидот „Сан“.
Неговата вдовица објавила нивна заедничка фотографија на Фејсбук по смртта на нејзиниот сопруг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.