Рускиот олигарх Михаил Ватфорд (66) е пронајден мртов во гаражата на неговата британска вила, а многумина се прашуваат дали тоа има некаква врска со руската инвазија на Украина.
Полицијата моментално го истражува случајот поради страв дека тој можеби бил на списокот на лица што треба да бидат ликвидирани, иако официјално не бил под санкции како другите бизнисмени.
На неговата психичка состојба можеби влијаела ситуацијата во Украина, но времето на неговата смрт и инвазијата на Украина секако не е случајност“, коментира неговиот пријател.
По сите други сомнителни смртни случаи на Руси во Велика Британија, природно е дека сега сите сме скептични за неговата смрт“, додаде друг извор близок до семејството.
Вотфорд се збогатил со компанија за преработка на нафта во Украина, а во 2000 година пристигнал во Велика Британија и го сменил презимето. Тој живеел во Велика Британија со сопругата, двете деца и детето од првиот брак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.