Генералниот директор на медиумската група „Расија Севодња“ Дмитриј Кисељов изјави дека испратил барање до Белата куќа за интервју со американскиот претседател Џозеф Бајден.

Кисељов на телевизија „Русија 1“ изјави дека барањето за интервју со Бајден го испратил за да продолжи дијалогот меѓу земјите откако американскиот новинар Такер Карлсон неодамна направи интервју со рускиот претседател Владимир Путин.

„Ние веруваме дека нашите земји немаат можност да се слушаат и слушнат меѓусебно и веруваме дека Путин даде достоен пример со тоа што се согласи на интервју наменето за американската публика“, рече Кисељов, пренесува РИА Новости.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.