Украинскиот претседателот Володимир Зеленски вечерва изјави оти верува дека руски диверзантски групи влегле во украинскиот главен град Киев.
– Според нашите информации, непријателот ме означил како цел број 1, моето семејство како цел број 2. Тие сакаат политички да ја уништат Украина со уништување на шефот на државата. Имаме информации дека непријателски диверзантски групи влегле во Киев, рече тој во видео објавено доцна вечерва.
– Останувам во владиниот кварт заедно со другите, додаде Зеленски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.