Шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок, ја посети Украина, а дел од нејзините планови беа да ги посети постројките за прочистување на водата, изградени од Германија во областа Николаев.

Според германските изданија ЗДФ и Билд, руски дрон го следел конвојот на Бербок за време на неговиот пат.

На пат кон станицата, која се наоѓа на 50 километри од фронтот, руски извидувачки дрон се приближил до колоната возила. Обично неговото појавување е проследено со воздушен напад. Украинските членови на делегацијата имале аларм на паметните телефони, а возачите почнале да се обидуваат да побегнат од дронот. Но, тој летал зад колоната бркајќи ги. На крајот возилата успеале да побегнат и дронот одлетал“, пишува Билд.

Како резултат на случката, Бербок предвреме ја заврши посетата на Николаев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.