Јапонската армија соопшти дека четири руски амфибиски бродови минале низ теснецот Цугару што ги раздвојува островите Хоншу и Хокаидо на северот од Јапонија, пловејќи во насока кон запад.

Јапонското Министерство за одбрана објави фотографии на амфибиските транспортери, со појаснување дека се работи за пловила што вообичаено се користат за истоварување извидувачки и десантни сили.

На фотографиите се забележува дека бродовите се натоварени со воени камиони.

Не знаеме каде се упатени, но насоката на нивното движење остава можност да пловат кон Украина – изјави портпаролот на јапонското министерство за одбрана.

Тој додава дека е невообичаено руски бродови да пловат толку блиску до јапонското копно.

Инаку, теснецот Цугару е на 700 километри оддалеченост од источниот руски град Владивосток.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.