Руската вселенска агенција Роскосмос објави дека на крајот на овој месец ќе го врати американскиот астронаут на Земјата од Меѓународната вселенска станица (МВС), без оглед на тензиите меѓу двете земји.

Астронаутот на НАСА, Марк Ванде Хеј, ќе се врати на Земјата на 30 март, како што е планирано, заедно со космонаутите Антон Шкаплеров и Пјотр Дубров, со руската вселенска капсула „Сојуз“. Роскосмос никогаш не им дал причина на своите партнери да се сомневаат во неговата веродостојност – објави руската вселенска агенција.

Агенцијата додава дека безбедноста и функционирањето на Меѓународната вселенска станица отсекогаш биле нејзин главен приоритет.

Ваквото соопштение на Роскосмос доаѓа откако дел од западните медиуми објавија дека може да има проблеми со враќањето на американскиот астронаут поради санкциите кои САД и ги воведоа на Русија поради Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.