Сите места каде што се наоѓаат странски платеници во Украина и се познати на руската армија и во иднина ќе бидат гранатирани, соопшти официјалниот претставник на Министерството за одбрана на Русија, генерал-мајор Игор Конашенков.
Голем број западни земји на државно ниво го охрабруваат учеството на своите граѓани како платеници во борбата против единиците на руските трупи. Целата понатамошна одговорност за смртта на оваа категорија странски државјани во Украина е на раководството на овие земји – изјави Конашенков.
Тој нагласи дека познати им се сите места каде што се странските платеници во Украина.
Тие места ќе бидат бомбардирани и во иднина, како што на 13 март беа уништени тренинг центарот во Стариќи и армискиот полигон Јаворовски – додаде генералот.
Уште еднаш ве предупредувам – нема да има милост за платениците, каде и да се на територијата на Украина, рече Конашенков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.