Украинското претпријатие на кое руските вооружени сили удрија, склопува дронови, поправа опрема, вклучувајќи ги германските тенкови Леопард, а исто така произведува извидничка опрема и уште многу нешта.

Ова го изјави војниот посматрач Виктор Литовкин во интервју за Звезда.

Штетата е голема, бидејќи Јужмаш е град во градот. Хиперзвучните боеви глави кои го погодија, можеа да ги уништат не само зградите на земја, туку и подземните складишта и работилници кои Јужмаш секако ги има, забележал Литовкин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.