Официјална Москва соопшти дека сислите на руската противвоздушна одбрана собориле дрон во близина на авиобазата Енгелс, каде што се стационирани стратешки бомбардери.
Системот за противвоздушна одбрана собори беспилотно летало во регионот на Енгелс, изјави регионалниот гувернер Роман Бусаргин.
Тој додаде дека остатоци од дронот оштетиле станбена зграда, но нема информации за евентуално повредени лица.
Москва третпат тврди дека е нападната авиобазата Енгелс, што е лоцирана во близина на украинската граница. Базата Енгелс е една од двете во кои се сместени руските авионуклеарни сили. Според Русија во нападите врз базата Енгелс загинале најмалку шест војници.
Украина досега нема преземено одговорност за нападите врз Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.