Руската филијала на Гугл објави дека има намера да поднесе барање за банкрот бидејќи не може да ги исполни своите финансиски обврски, се вели во материјалот објавен на веб-страницата на рускиот Единствен државен регистар на правни лица.
Гугл ДОО, застапуван од извршниот директор Дејвид Мунро Снедон, со ова ја објавува својата намера да поднесе барање за несолвентност (банкрот), пишува во документот.
Се додава дека компанијата од 22 март не може да ги исполнува финансиските обврски, вклучително и побарувањата за отпремнини и/или надоместоци на вработени кои работат или работеле со договори за вработување и навремена исплата на задолжителните исплати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.