Официјалниот претставник на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков, соопшти дека руската артилерија погодила хангар со воена тахника на територијата на бродоградилиштето „Океан“ во градот Николаев.

Според Конашенков, со артилериски оган биле уништени повеќе од 15 тенкови и пешадиски борбени возила, како и пет артилериски орудија од голем калибар на вооружените сили на Украина.

Конашенков истакна дека ракетните трупи и артилерија во регионот на Николаев погодиле 62 контролни пунктови, вклучително и оперативната команда „Југ“, во областа на населбата Нови Буг.

Покрај тоа, уништени се 593 области на концентрација на војници и опрема на Вооружените сили на Украина и 55 артилериски и минофрлачки батерии на позициите за гаѓање – изјави генерал Конашенков.

Конашенков додаде ека со ракетни и артилериски напади биле погодени и четири повеќецевни ракетни фрлачи БМ-21 Град, како и складиште за муниција на вооружените сили на Украина во регионот на Доњецк.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.