Руска ракета го погоди пристанишниот град Одеса, јавија странските агенции.

Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.

Неколку украински региони денеска се во состојба на готовност поради ракетни напади, а сирените за воздушен напад се огласија во Одеса, Полтава, Днепропетровск, Суми и Николаевската област, како и делови од Кировоградската област.

Исто така, сирените се огласија и во Запорожје и Херсон, кои се под контрола на Киев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.