Украинската воена разузнавачка служба тврди дека фабриката во рускиот регион Челјабинск, која произведува и поправа руски тенкови, била затворена поради недостиг на делови од увоз.

Во објава на Фејсбук, Генералштабот на вооружените сили на Украина објави дека производителот „Уралвагонзавод“ морал да го прекине производството во фабриката „поради недостаток на компоненти произведени надвор од Русија“.

Во руските медиуми нема информации за стопирањето со работа на фабриката, а западните медиуми се уште немаат независна потврда за оваа информација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.