Руското Министерство за одбрана соопшти дека повеќе нема украински сили во целото урбано подрачје на Мариупол.
Како што се наведува, само неколку борци останале во фабриката за челик Азовстал – каде што се воделе борбите.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека ситуацијата во Мариупол е исклучително сериозна и дека тој или високи функционери секојдневно се во контакт со бранителите на градот.
Зеленски во своето обраќање ја обвини Русија дека се обидува да го избрише тамошното население, но не зборуваше за тврдењата на Москва дека повеќе нема сили на украинската армија во градската област Мариупол.
Руското Министерство претходно објави дека од 16 април, украинските сили изгубиле повеќе од 4.000 луѓе во опколениот пристанишен град, јави руската државна новинска агенција РИА, пренесе Ројтерс.
„Целото урбано подрачје на Мариупол е целосно исчистено… Остатоците на украинската група во моментов се целосно блокирани на територијата на металуршкиот комбинат Азовстал. Нивната единствена шанса да ги спасат своите животи е да го положат оружјето и да се предадат“, соопшти Министерството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.