На социјалните мрежи се огласија од Рускиот волонтерски корпус. Тврдат дека се одговорни за нападот и дека се на страната на Украинците

Советникот на украинскиот претседател, Михаил Подољак, денеска ги нарече „класична намерна провокација“ тврдењата на руските власти дека украинска диверзантска група извршила инвазија на руска територија

Руските власти тврдат дека украински диверзанти ја преминале границата и во областа Брјанск во Русија, земале неколку лица како заложници.

„Според прелиминарните информации, неколку лица се земени како заложници во продавница во селото Лубечане“, изјавил извор за РИА Новости.

Се истражуваат околностите на инцидентот, заложничката криза и идентитетот на напаѓачот, додал тој.

Претходно денеска, гувернерот на регионот Олександр Богомас изјави дека „украинските диверзанти влегле во селото Лубечане и пукале во автомобил, при што убиле еден жител, а едно дете го повредиле“.

Во меѓувреме, ФСБ објави дека се преземаат мерки „за неутрализирање на украинските националисти кои се закануваа на државната граница“.

Руските медиуми јавија и дека 50 украински диверзанти ги заробиле жителите на селото Сушани, а се слушаат и експлозии и пукање. Во близина на селото е разнесена трафостаница, велат оттаму.

Исто така, ТАСС јавува дека во областа има мртви и ранети и дека украинските диверзанти кои ги нападнале селата држат шест заложници.

На социјалните мрежи се огласија од Рускиот волонтерски корпус. Тврдат дека се одговорни за нападот и дека се на страната на Украинците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.