Од почетокот на војната против Украина, руската армија загуби 157 авиони, 140 хеликоптери и 124 беспилотни летала, соопшти украинскиот Генералштаб.
Според Генералштабот, како што пренесува Украинска правда, руската војска досега во Украина загубила околу 19.600 луше, 732 тенкови, 1946 оклопни борбени возила, 349 артилериски системи и 111 повеќекратни ракетни фрлачи.
Исто така, уништени се 63 системи за противвоздушна одбрана, 157 авиони – 157 единици, 140 хеликоптери, 1.406 автомобили, седум бродови, 76 резервоари за гориво, 124 оперативно-тактички беспилотни летала, 25 единици специјална опрема и четири лансери на балистички ракети со краток дострел.
Од друга страна украинскиот весник „Киев индипендент“ објавува дека руската војска загубила 58 авиони, 83 хеликоптери, 362 тенкови, два воени бродови, 62 ракети и дури 12.000 војници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.