Удари на војната инфраструктура на Украина, вклучувајќи ги аеродромите и складиштата за оружје, ќе го спречат лансирањето на тактички проектили насочени длабоко во Руската Федерација. Ова го најави шефот на Комитетот за одбрана на Државната дума, Андреј Картаполов, коментирајќи ја одлуката на западните земји да дозволат удари со далекудометно оружје на Русија.
Мораме да извлечеме заклучоци, сега мораме да продолжиме со удари по аеродромите како би се исклучила можноста за полетување на авионите. Тоа значи дека ракетите кои се испалуваат од воздух, нема да бидат користени – забележал Картаполов.
Мораме да дознаеме каде се залихите на овие проектили, па да удриме по транспортот, складиштата и инфраструктурата- додал тој.
Според Картаполов, одговор на одлуката на западните земји е неизбежен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.