„Си-Ен-Ен“ објави снимка од Русија на која се гледа многу моќниот ракетен систем ТОС-1, натоварен за камиони, кои, како што тврдат од „Си-Ен-Ен“, се упатени кон Украина.

ТОС-1 е ракетен систем што се поставува на шасијата на тенковите Т-72 и кој испалува термобарични ракети. Првпат е користен за време на војната на Советскиот сојуз во Авганистан, а неодамна беше во употреба и во Сирија.

Станува збор за ракети, коишто кога ќе експлодираат предизвикуваат огромен пожар, што „пеплосува“ големо подрачје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.