Виктор Терешченко, градоначалникот на Великобурлутска во североисточниот украински регион Харков, е заробен од руските сили – тврди во својата видео пораката Олех Синиехубов, шеф на регионалната државна управа на Харков.

„Денеска имаме вести дека Русите го фатиле шефот на заедницата Великобурлутска, Виктор Николаевич Терешченко. Таквите луѓе треба да имаат обезбедување. Виктор Николаевич бил киднапиран од неговото работно место и одведен во локалната полициска станица. Го држат и нема да го ослободат“, објави Синиехубов.

Според него локалното население го осудува чинот. Тврди дека работи на ослободување на градоначалникот што е можно поскоро.

„Наскоро нашите окупирани територии повторно ќе бидат наши“, рече тој.

Во пораката тој нагласува дека иако руските сили не го зазеле Харков, тие „продолжуваат со својот терор против цивилното население, особено против шефовите на територијалните заедници на регионот Харков“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.