Одлуката на претседателот на САД, Џо Бајден, да ѝ дозволи на Украина да напаѓа цели длабоко во територијата на Русија со ракети со долг дострел предизвика остра реакција од руската страна, јави Би-Би-Си.
„Американскиот претседател во заминување донесе една од најпровокативните и најризични одлуки на својата администрација, со потенцијал за катастрофални последици,“ оцени рускиот провладин весник Росискаја Газета.
Руските официјални лица остро го осудија потегот. Пратеникот Леонид Слуцки предупреди на „сериозна ескалација со опасни последици,“ додека сенаторот Владимир Џабаров го нарече потегот „преседан кој води кон Трета светска војна“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека ако оваа одлука е потврдена, тоа претставува „нова спирала на тензии“ и нова етапа на американско вклучување во конфликтот.
Кремљ претходно предупреди дека дозволувањето на Украина да користи ракети со долг дострел за напади на руска територија ќе се смета за директно вклучување на НАТО во војната, со можни промени во руската нуклеарна доктрина
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.